(Видео) Лавица и нејзините четири младенчиња го прекинаа сообраќајот, луѓето се воодушевија


Дивите животни особено убаво се гледаат во природата и во нивната околина, каде се навикнати и каде се чувствуваат слободни.

Затоа е сосема поинакво искуство да се гледаат животни во национални паркови отколку во зоолошки градини каде што често се затворени во мали и безусловени кафези.

Тигрите, лавовите, слоновите и другите диви животни кои може да се видат во националните паркови ако сретнат луѓе, сакаат да им покажат кој е главен.

Така, во националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република неодамна е снимена неодолива сцена на лавица и нејзините четири младенчиња.

Во видеото објавено на официјалниот канал на паркот на Јутјуб, една лавица лежерно се шета по патот со нејзините четири крзнени младенчиња кои ја следат одблизу.

Младенчињата без брзање го преминаа патот и ги воодушевија сите кои имаа среќа да бидат сведоци на таа сцена во живо.

„Вистинска мајка, како се грижи за своите младенчиња“, „Природата е прекрасна, мора да направиме повеќе за да ја заштитиме“, „Како и секоја мајка, таа е толку грижлива“, се дел од коментарите под видеото.