(Видео) Кувар ни објаснува како најлесно и најбрзо се чистат црешите и вишните од семките


Погледнете како најбрзо да ги исчистите вишните и црешите од семките!

Сезоната на црешите се уште не е завршена, а берењето на црешите започна сериозно. Омиленото коскесто овошје на многу Македонци има една мана – семките. Домаќинките особено знаат колку мака можат да направат при правењето колачи, а има и такви кои едноставно не можат да ги поднесат.

За лесно и брзо да се ослободите од семките, постои генијален трик. Се што ви треба е стаклено шише, стап или сламка. Се препорачува шише од вино бидејќи има потесен отвор за да можете да ставите овошје без да падне внатре. Следно што треба да направите е да ја ставите вишната или црешата на отворот, прво да го извадите стеблото и потоа да го прободите со стапче.
Семката ќе остане во шишето, а ќе имате подготвено овошје за јадење или правење колачи. На овој начин ќе си ја олесните половина од работата и нема да има неред или флеки на масата од вишни.

Како тоа го објасни еден готвач погледнете во видеото: