(Видео) Кратко, но силно невреме во Охрид – откорнати покриви


Краткотрајното, но интензивно невреме што попладнево го зафати Охрид, предизвика материјални штети. Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда на улица „Мирче Ацев“ чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството. За среќа нема повредени, пишува Охридњус.

Локалните жители раскажуваат дека оштетувањата на објектите се сериозни.

 

Невремето за кратко ги претвори охридските улици во реки, а од ветрот оштетени се столбови, кабелски инсталации, како и дрвја.

Од центарот за управување со кризи информираа дека примиле пријави за предизвикана штета од краткотрајното невреме што го зафати Охрид.