(Видео) Кралицата Елизабета прв пат стави маска


Британската калица Елизабета Втора прв пат се појави во јавност со маска на лицето, која ја носеше за време на куса церемонија во Весминстерската капела.

Церемонијата беше одржана на стогодишнината од погработ на непознатиот британски војник кој загинал во Првата светска војна. Се одржала во средата, но денеска се појави видеото.

Кралицата носи црна маска со бела лента, црно палто и црн шешир.

Тоа е прво нејзино јавно ангажирање во Лондон од март, кога изби пандемијата од корона вирус.

Неколкупати беше видена во јавност, но никогаш не носеше маска, за што беше критикувана.
На церемонијата беа уште и еден свештеник и еден придружник на кралицата.