(ВИДЕО) Ковид–19: Колку далеку вирусот може да стигне со кашлање?


Властите во повеќе држави и натаму препорачуваат луѓето да стојат на околу два метри еден од друг, но дали е тоа навистина доволно далеку за да се заштитат од вирусот при кашлање?

Во лабораторијата при универзитетот Атлантик во Флорида (ФАУ) двајца професори по инженерство направија експеримент со кој ја мереа јачината на кашлицата. Користејќи специјално дизајнирана кукла, тие ја исполнија нејзината уста со мешавина од глицерин и вода, а потоа симулираа кашлање со помош на пумпа и со помош на зелена ласерска светлина мереа колку далеку можат да стигнат капките.

При експериментот се создаваа честички со големина од 10-20 микрони што е приближно до најмалите капки кога кашламе“, вели Сид Верма, асистент професор по инженерство при ФАУ.

При експериментот капките го минале растојанието од околу 91 цантиметар (три стапки) речиси веднаш. За пет секунди, капките биле на околу 183 сантиметри (шест стапки). Потоа, за околу 10 секунди, капките биле на растојание од 2,75 метри (девет стапки).

Последното мерење (2,7 метри) е околу 90 сантиметри над препорачаните совети за физичко растојание.

И по достигнатите 2,75 метри капките се движат, но побавно“, вели Верма, набљудувајќи го експериментот.

Здивот со капки и натаму опстојува во воздухот, продолжувајќи да се движи, но потребни се уште 30 до 40 секунди да помине уште 90 сантиметри.

„Сега се приближува до 12 стапки (околу 3,65 метри)“, вели Верма.

При повторувањето на експериментот, симулираните капки стигнуваа до границата од околу 1,8 метри, а честопати и два пати повеќе од таа оддалеченост.

Манхар Данак, претседател на Секторот за инженерство при ФАУ вели дека капките можат да лебдат на растојание од девет стапки (2,75 метри) по околу две до три минути. Колку подолго патуваат капките тие стануваат се помалку густи, но сепак се присутни во воздухот со можност да пренесуваат болести.

Професорите и ставија маска на куклата, но честичките сè уште се распрскуваа странично, иако не патуваа далеку. Тие, исто така, тестираа како би било ако куклата се искашла во рака. Капките прскаа во сите правци.

Професорите откриле дека со полесна кашлица, капките патувале само околу 90 сантиметри.

Сепак, вели Данак, важно е да се задржи растојание од најмалку 1,8 метри.

„Шест стапки (околу 1,83 метри) е минималното растојание што треба да го задржите“, советува Данак. „Подалеку е подобро“.

Целото видео може да се види на следниов линк.