(Видео) Ковачевски вечерва пееше за Европа, еве како звучеше хитот „Инсиеме“ („Заедно“)
Трибината на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа вечерва во Скопје, финишираше со познатиот евровизиски хит на Тото Кутуњо „Инсиеме“ („Заедно“), кој беше преработен и отпеан од повеќемина македонски музичари. На бината во салата „Борист Трајковски“, вечерва на музичарите им се придружија и премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски, како и поќемина учесници на партиската трибина.

Неодамна, повеќе од петнаесет познати ѕвезди на музичката и актерската сцена учествуваа во иницијативата на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“, песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година. Кристина Арнаудова, Адријан Азири, Тијана Тодевска, Ана Стојановска, Мики Јовановски Џафер, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Јована Спасиќ се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик.

Веднаш по упатениот повик, својата поддршка преку социјалните мрежи досега ја дадоа најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, владејачката партија СДСМ и Алтернатива.
Еве како изгледаше вечерва изведбата на познатиот хит: