(Видео) Косовци убиле Србин во Германија


Во германскиот град Абенсберг, еден Србин (32) е убиен, а друг (46) е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот. Полицијата, по бегството, ги уапси осомничените кои според ,,Билд” се од Косово, а двете жртви се државјани на Србија.

Според информациите на „Билд“ се работи за  два вооружени напада. Едниот пред трговски центар во Абенсберг каде биле испукани неколку куршуми, а жртвата починала на паркинг. Во меѓувреме, во друг дел од градот дошло до друг инцидент, пред куќата било пукано во маж кому му е загрозен животот.

Главниот инспектор Гинтер Томашко изјави дека се работи за исти напаѓачи.

„Се сомневаме дека се работи за исти напаѓачи. За мотивите за убиството не можеме да изнесеме повеќе детали“, изјави инспекторот Томашко и додаде дека напаѓачите и жртвите, најверојатно, се познавале.

Двајца осомничени се уапсени еден и пол час откако полицијата го примила првиот итен повик.