(ВИДЕО) Корона сарказам : Србија и Црна Гора се скараа за три респиратора

Министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ, му се заблагодари на српскиот лидер Александар Вучиќ на понудата да му ги донира трите респиратори за кои Подгорица тврди дека си ги нарачала и платила, а и биле запленети на српската граница. На Твитер министерот објави видео со саркастична порака, во кое вели:
-Му благодарам на Вучиќ за понудата да ни ги донира нашите три респиратори што ги нарачавме за црногорското здравство.Ценејќи ја сериозноста на ситуацијата во соседната држава, веруваме дека тие во овој момент се попотребни на здравствениот систем на Србија.