(Видео) Кличко избегна смрт на запалена јахта


Шпанската крајбрежна стража го спаси поранешниот боксерски шампион Владимир Кличко од запалена луксузна јахта со кој пловел со семејството и пријателите.
„Нашето патување со брод во неделата заврши така што бродот се запали, а нѐ евакуираше крајбрежната стража и противпожарен спасувачки тим. Без грижа, сите сме добро“, наведе Кличко на Твитер.
Кличко, кој во август 2017 година ја заврши кариерата, е на одмор на Мајорка.