(Видео) Кина направи џиновска антена за примање сигнали од Марс
Кина направи најголема антена во Азија, чија задача ќе биде да прима податоци од Марс.
Се работи за подвижна антена со пречник од 70 метри која успешно ги помина проверките, па сега е подготвена да прима сигнали од Марс во согласност со мисијата Тианвен-1, а истоименото летало следната недела ќе влезе во орбитата на Црвената планета.
Изработката на огромниот радио телескоп почна во 2018 година во северната кинеска провинција Тианџин, а завршена е на време затоа што леталото му се приближува на Марс. Новата антена има облик на тањир, а веќе почна со работа.
Се состои од 1.328 панели, а пречникот, сепак, ѝ е за 30 метри помал од најголемата светска антена која се наоѓа во САД.
Кина, досега користеше три антени, со пречник од 35 до 50 метри во Пекинг и Кунминг, пренесе Кликс, но тие не беа доволно силни да обезбедат квалитетен прием на податоци од Марс кој во моментот, е одделачен 180 милиони километри од Земјата.
Марсовата орбита е оддалечена околу 400 милиони километри од Земјата, кога двете планети се наоѓаат на спротивните страни од Сонцето. Сега Кина може да ги поврзе сите четири свои телескопи, и така да ја зголеми нивната можност.
Леталото Тианвен-1 е лансирано во јули 2020 година, а во гравитациското поле на Марс ќе влезе на 20 февруари.
Целта на кинеската национална вселенска администрација (CNSA) е да ги спушти орбитерот и роверот на површината на Марс, а ако слетувањето биде успешно, Кина ќе стане втора земја во светот која управува со ровер на Црвената планета, откако тоа го направи САД.
Кинеските научници во текот на мисијата ќе бараат знаци на поранешен и сегашен живот на планетата, ќе го анализираат незјиното тло, но и ќе ја мапираат нејзината површина.