(Видео) Како се дочекува Новата година во светот

По уште една турбулентна и пандемиска година оптоварена со многубројни ограничувања, зголемен број случаи на заболени од коронавирус, светот полека влегува во 2022 година.
Најисточните земји во светот веќе го прославија влезот во 2022 година. Некаде дочекот беше о огномет, а во повеќе земји прославите се откажани поради антиковидд мерките. Хина пренесува како се дочека Новата година во повеќе земји. Еве го изборот:
16:05 И граѓаните на Северна Кореја ја дочекаа Новата година на отворено. Заедно со концерти во живо и пропагандна програма по подигнувањето на знамето, тие уживаа во голем огномет.
15:45 Кинескиот претседател Си Џинпинг во своето новогодишно обраќање им порача на граѓаните дека треба да го задржат „стратешкиот фокус“ и да се грижат за „потенцијалните ризици“ за долгорочната визија на Комунистичката партија да ја претвори Кина во глобална сила.
Тој рече дека Кина ја постигнала целта за изградба на „умерено просперитетно“ општество, големо достигнување на нејзиниот пат да стане глобален лидер во 2049 година, на 100-годишнината од основањето на Народна Република Кина.
14:10 Австралија во Новата година влезе со огномет над пристаништето во Сиднеј. Минатата година немаше публика поради коронавирусот, но оваа година десетици илјади луѓе се собраа на брегот.
Имено, Австралија се откажа од политиката на строги мерки и почна да „живее со Ковид“. Причината за ова, според тамошната влада, е високата стапка на вакцинација на возрасните и релативната безбедност на омикрон во споредба со другите варијанти на вирусот.
Поради тоа, австралискиот премиер Скот Морисон им посака на луѓето „да уживаат во вечерта“.
12:09 Нов Зеланд, Самоа и Кирибати – островски држави источно од Австралија – беа првите што го прославија влегувањето во 2022 година.
Во Окленд, главниот град на Нов Зеланд, Новата година беше дочекана со светлосно шоу. Оваа година немаше огномет поради мерките воведени поради коронавирусот.
Инаку Новата година ширум светот различно се дочекува.
На многу места, од Сеул до Сан Франциско, новогодишните прослави се повторно откажани или скратени. Рио ќе биде домаќин на прослави кои обично носат три милиони луѓе на плажата Копакабана. Како и на Тајмс Сквер во Њујорк, официјалните настани во бразилскиот град се бидат ограничени, но сепак се очекуваат толпи весели луѓе.
„Луѓето имаат само една желба: да ги напуштат своите домови, да го прослават животот по пандемијата што ги принуди сите да се затворат во себе“, рече Франциско Родригес, 45-годишен келнер кој работи во Копакабана.
Раскошниот огномет на Елисејските полиња во Париз е откажан. Се повикуваат француските граѓани да избегнуваат големи собири, а се снаоѓаат на различни начини.
„Морам да признаам дека тоа нема да влијае на моите планови за новогодишната ноќ, бидејќи нема да бидам во Париз или Франција. Ќе патувам во Швајцарија, каде што се отворени клубовите и кафулињата”, изјавил жител на Париз за Ројтерс.
Германија ги ограничи собирите дома и ја забрани продажбата на огномет. На берлинската Бранденбуршка порта ќе има огномет, но публика нема да има. Од друга страна, на спуштањето на славниот бал во Њујорк ќе можат 15.000 гледачи, под услов да бидат вакцинирани.
Во Јужна Кореја расположението не е толку празнично. Традиционалната церемонија на ѕвонење на полноќ беше откажана втора година по ред, а властите најавија продолжување на построгите правила на две недели за да се справат со постојаниот пораст на инфекциите.
Властите во главниот град на Индонезија, Џакарта, затворија 11 патишта кои обично привлекуваат голема толпа за Нова година, соопшти полицијата, додека Малезија забрани големи собири низ земјата и го откажа спектакуларниот огномет на кулите близначки Петронас во главниот град Кула Лумпур…