(ВИДЕО) Јапонците имаат „воз-куршум“ – достигна 382 километри на час

Јапонскиот експериментален воз „Шинкансен“, наречен „воз-куршум“, беше тестиран минатиот вторник кога превезуваше локални новинари.

Првиот тест на новиот воз наречен ALFA-X го изврши Источната јапонска железница, при што беше постигната брзина од 382 километри на час.

Тоа беше првото пробно возење со возот чиј развој беше завршен во мај 2019 година. Инаку, овој воз може да достигне максимална брзина од 400 километри на час, пишува „Си-Ен-Ен“.

Една од главните разлики помеѓу новиот воз и постојните се специфично обликуваните предни и задни вагони. Тие се специјално дизајнирани за мерење на разликата во притисокот на ветерот. Кога возот се движи на север, тој го користи првиот вагон во должина од 22 метри, што е за седум метри подолго од другите вагони од серијата Е5. Исто така, при движење кон југ, тој го користи првиот вагон долг 16 метри.

Системот за сопирање на возоот ALFA-X е сместен на покривот, како и новиот систем за електромагнетен отпор.

Со цел на патниците да им биде што поудобно при брзото возење, системот за амортизација е подобрен, со што хоризонталните и вертикалните вибрации се сведени на минимум.

За време на тест возењето, не се слушаше никаков звук при брзина од 320 километри на час, тврдат јапонските новинари. Сепак, звукот на моторот се слушаше при брзина од 360 и 380 километри на час.