(Видео) Јакобсен во тешка состојба по незапамтен потег на омразениот велосипедист


Холандскиот велосипедисѕ Фабио Јакобсен (23) е во тешка состојба откако вчера во ужасна несреќа на трката во Полска заврши во заштитната ограда па во кома по неверојатниот потег на својот сонародник Дилан Гроенвеген.

Имано, Јакобсен во последните метри на првата етапа се обиде да го искористи просторот меѓу Гроенвеген и оградата за да го претекне својот противник.

Но, кога овој виде дека може да го стигне, го испружи лактот и почна да му го затвора просторот на Јакобсен кој со брзина од 80 км/ч удри во оградата.

Направи салто и удри во судијата кој беше веднаш до оградата, па лекарите еден час му укажуваа помош пред во критична состојба да биде префрлен во болница во Катовице.

Фабиое е во индуцирана кома, а неговата екипа Decunick-Quick Step денеска објави дека состојбата му е стабилна.

Велосипедската заедница инсистира Гроенвеген да се суспендира на поголдо време затоа што на трката во Белгија во 2016 година на идентичен начин му го затвори патот на Белгијанецот Оливер Насен, кој успеа да ја избегне оградата и да остане на велосипедот.

И пред две години на Тур д Франс во неколку етапи возеше ризично поради што доби полно критики од колегите возачи и од навивачите.