(Видео) Изјава на министерката за одбрана Шекеринска
Проследете ја изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја посети касарната „Илинден“, каде изврши обиколка на целосно реновираниот објект на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и гарнизонот Скопје.
Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект со висока енергетска ефикасност во касарната „Илинден“.
Ова е втор целосно реновиран објект во оваа касарна, по објектот на армиските Ренџери, кој беше пуштен во употреба пред една недела.
Објектот е со вкупна површина од околу 3.500 метри квадратни и на него е поставена нова термичка фасада, заменети се сите прозорци и врати, користени се термопан стакла, а променета е и кровната конструкција. Во објектот поставена е нова водоводна и канализациона мрежа, а реконстриурани се и санитарните јазли и кујните. Објектот има нови подови, ѕидовите се целосно обработени, а однадвор се поставени и тротоари околу објектот.