(Видео) Исланд очекува вулканска ерупција: Делови од градот потонаа за метар


Сеизмичката активност и подземните текови на лава се интензивираа во изминатите неколку дена на полуостровот Рејкјанес, во близина на главниот град Рејкјавик, поради што властите пред шест дена евакуираа речиси 4.000 луѓе од рибарскиот град Гриндавик.

Според исландскиот метеоролог, во последните 24 часа се забележани околу 200 земјотреси, а сè уште постои голема веројатност за ерупција на вулкан.

Во последното известување од метеоролошката служба се наведува дека изворот на ерупцијата најверојатно се наоѓа северно од градот Гриндавик, во близина на планината Хагафел.

„Во последните 24 часа се регистрирани вкупно околу 2.000 земјотреси. Повеќето од нив се мали земјотреси под јачина од 1, но утрово во 6:35 часот е измерен земјотрес со јачина од 3 степени во Хагафел“, известија тие.

„Тоа е нереално“
„Како да седите во некој многу досаден филм, но сте заглавени таму, не можете да излезете од него. Тоа е нереално. Тешко е да се свари“, изјави 62-годишниот Ејнар Дагбјартсон за Ројтерс. Тој е еден од евакуираните жители на Гриндавик.

Дагбјартсон рече дека не спие добро со денови и постојано ги проверува вестите за да види дали ерупцијата започнала.

Дагбјартсон вели дека се надева дека ќе може да се врати дома и покрај сè.

„Дури и половина град да потоне, да опстане пристаништето, важно за живот, сè ќе се изгради повторно. Ако пристаништето исчезне, тогаш веќе нема живот овде“, рече тој.

„Никој веќе не живее овде“
„Овде веќе никој не живее. Од 3.800 жители, сега има нула“, изјави за Ројтерс Стефан Велемир, локален полицаец, додавајќи дека некои куќи се веќе целосно оштетени бидејќи земјотресите создале големи пукнатини на улиците и тротоарите во градот и од нив излегува пареа.

Дозволуваме луѓето да влезат во нивниот дом по пет минути. По еден човек од секој дом оди по пет минути и ги грабнува сите потребни работи“, рече Велемир.

„Лава е под нашата куќа“
Ингибјорн Гретарсдотир за Ројтерс изјави дека морала да чека во ред пет часа, надевајќи се дека ќе се врати во градот за да ги собере работите од нејзиниот дом во црвената зона – областа која се смета за најопасна и најблиску до местото каде што се очекува ерупцијата.

„Градот изгледа страшно. Многу е тешко да се оди таму и да се види сè. Лавата е под нашата куќа… Не знаеме дали ќе имаме дом или што… Не знаеме ништо “, рече таа, откривајќи дека нејзината куќа засега е во добра состојба, но земјата недалеку од куќата потона за околу 90 сантиметри.