(ВИДЕО) Иран објави снимка од рушењето на американскиот дрон


Видео снимка на иранските сили кои го рушат надзорниот дрон на морнарицата на САД објавен е на социјалните мрежи на војската на Иран.

Видеото прикажува лансирање наракети и експлозија во моментот кога налетуваат на дронот.

Краткото клипче, снимено рано наутро во четврток, со драматична музика во позадина, покажува лансирање од артилеријата на Иран и експлозија на метата на небото, за која тврдат дека е американски дрон.

И Пентагон објави своја црно-бела снимка од наводното соборување претходно во четвртокот, во времетраење од 15 секунди.

Ниту една од снимките не потврдува дефинитивно дали до соборување дојде во меѓународни води или во воздушен простор на Иран, што е точка на спорење помеѓу Вашингтон и Техеран.

https://twitter.com/rabrowne75/status/1141748879710404610