(ВИДЕО) Хаос во Хрватска: Летаат стебла и контејнери, Сплит е потопен


Олујното невреме прави големи проблеми во сообраќајот во поголемиот дел од Хрватска, особено на приморјето, каде силниот ветер носи се пред себе.

На делницата од Јадранската магистрала меѓу Нови Винодолски и Сењ важи забрана за сообраќај на автобуси на кат, возила со камп приколки и мотоцикли.

На Јадранската магистрала се возможни и одрони, па возачите се предупредувани брзината на движење на возилата да ја прилагодат според условите на патот.

Пожарникарите примиле поголем број дојави поради стебла кои паѓаат по сообраќајниците во Дубровник и во околината на градот.

Во Дубровник уште во текот на денот на метеоролошката станица е измерен удар од југ од дури 143 километри на час.

Нешто пред 15 часот олујата го потопи и Сплит, каде, како што јавуваат хрватските медиуми, летаат стебла и контејнери.

А паднала и фасада од едно сплитско училиште.

Временските неприлики предизвикале поголеми проблеми и во Шибеник.

Ударите кон средината на утрешниот ден би можеле да досегнат брзина и до 130 километри на час, поради што е издадено највисоко црвено предупредување за морскиот дел од жупанијата и портокалово за брегот.