(ВИДЕО) Хаос во Хонгконг: Демонстрантите тргнаа кон парламентот


Протестите во Хонгконг ескалираа кога демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на парламентот. Полицијата се обидува да ги спречи со солзавец и пендреци. Демонстрантите ги блокираа улиците околу зградата на парламентот и ја гаѓаа полицијата со цигли.

Тимовите за итни случаи се грижат за повредените, а локалните медиуми велат дека демонстрантите сепак успеале да влезат во дел од парламентот.

Десетици илјади демонстранти го блокираа реонот околу Парламентот на Хонгконг во знак на протест против нацрт законот што ќе овозможи екстрадиција во Кина.

За денеска е предвидено текстот да биде во второ читање, но поради „опсадата“ околу парламентот дебатите се одложени.