(ВИДЕО) Хаос во Чешка поради мечот со Косово: Тепачки, дронови и транспаренти „Косово е Србија“

Група чешки навивачи нападна навивачи на Косово во еден локал во Плзењ во пресрет на мечот меѓу репрезентациите на Чешка и Косово во квалификациите за ЕП.

Полицијата брзо реагирала и спречила потежок инцидент, додека неколку навивачи се приведени.

Пред тоа чешките навивачи пред хотелот во кој беа сместени косовските фудбалери скандирале „Косово е Србија“ и „Србија, Србија“. Со себе носеле и пароли со знамето на Србија.

Утринава се огласи и чешката полиција која соопшти дека поради нападите на косовските навивачи, приведени се шестмина, а уапсени четворица чешки навивачи.

Пред натпреварот се уапсени четворица чешки момчиња поради напад на еден навивач на Косово, кого физички го нападнале и според тврдењата на сведок за порталот „Krimi-plzen.cz“ му го украле косовското знаме.

Три часа пред почетокот на мечот близу хотелот пред кој се собираа косовските навивачи избила караница меѓу чешки навивачи од Брно и косовски навивачи, која сериозно можела да избие во општа тепачка, ако полицијата задоцнеше со својата реакција.

Специјалците и полицајци со кучиња ги разделија двете групи, а косовските навивачи ги спровеле до хотелот, а потоа со останатите навивачи до блискиот стадион.

Овој натпревар беше оценет како меч до висок ризик и полицијата презеде вонредни мерки на безбедност поради тоа што чешките хулигани и тврдото навивачко јадро често на натпреварите се солидаризираат со српските навивачи и често носат српски знамиња и транспаренти „Косово е Србија“, а во Плзењ на натпреварот на репрезентациите пристигнале бројни групи хулигани и навивачи од Прага и Брно.

Полицијата повикала и коњичка единица од Прага, движењето на навивачите групи ги следел хеликоптер, а градските власти на Плзењ ги дадоа на располагање на полицијата своите дронови.

Косово долго време беше на маргините на вниманието на чешката јавност, а во интересот се зголеми кога претседателот на Чешка Милош Земан по враќањето од Белград истакна дека ќе предложи Чешка да го повлече признавањето на Косово, затоа што таа земја ја водат воени злосторници, а владата во 2008. година го признала Косово иако долниот дом во парламентот усвоил резолуција со барање владата да не го прави тоа.