(Видео) Хаос во авганистанскиот парламент поради именување на нов претседател


Авганистанскиот парламент се претвори во хаос во моментот кога пратениците дебатираа за назначувањето на нов претседател на првата седница на собранието по изборите минатата година.

Бизнисменот Рахман Рахмани се кандидираше за претседател на парламентот сочинет од 247 пратеници, но тој го изгуби мнозинството за еден глас, што доведе до конфликт меѓу неговите поддржувачи, кои го прогласија за победник, и противници кои рекоа дека не ги обезбедил потребните 124 гласа, објави Ројтерс .

На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа туркање меѓу пратениците, додека други членови на парламентот го блокираат претседателското столче и повикуваат на повторно гласање.

Рахмани е татко на Аджмал Рахмани, богат бизнисмен кој стана познат како Оклопниот Аджмал затоа што ѝ продавал блиндирани возила на кабулската елита.