(Видео) Хаос пред Аја Софија: Пробиен кордонот на полицијата


 

Илјадници верници појдоа денеска во Истанбул на првата молитва во Аја Софија која е претворена во џамија. Дојде и до инциденти, при што пробиен е кордонот полиција.

Притоа занемарени се мерките против ширење на корона вирусот, пишува АП.

Илјадници верници и туристи ги окупираа улиците околу џамијата, а многумина спиеја во шатори недалеку од градбата.

На молитвата во Аја Софија присуствуваат голем број верници меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Од друга страна во Грција поради овој настан црквите тажно ѕвонат во знак на протест, а знамињата се спуштени на половина копје, додека патријархот служи посебна миса денеска попладне.