(Видео) Хаос на улиците на Киев – луѓето бесни на рестриктивните мерки

 

Околу 40 полицајци се повредени денеска во центарот на Киев во судир со демонтранстите кои се собраа против мерките за сузбивање на ширењето на корона вирусот.

Неколку илјади луѓе, меѓу кои и мали претприемачи и трговци, се собраа во центарот на Киев, противејќи се на епидемиолошките мерки кои украинските власти неодамна ги најавија.

Властите наложија затворање на училишта, факултети, продавници со секундарна стока, ресторани, кина и спортски сали од 8 до 24 јануари.

Демонстрантите сакаа да поставаш шатори на плоштадот во Киев, но полицијата ги растера со солзавец.

Франс прес пренесе дека по инцидентите доаѓале возила со брза помош, но не се знае бројот повредени меѓу демонстрантите.

Полицијата наведе дека 40 од нивните припадници се повредени, а тројца се во болница.

Во Украина, со околу 40 милиони жители и дотраен здравствен систем, регистрирани се повеќе од 909.000 заразени со корона вирус, од кои 15.480 починаа.