(Видео) Хаос на Парадата на гордоста: Со камион удри во учесници, еден почина


 

Во текот на саботната Парада на гордоста во Мајами, САД, камион удри во двајца пешаци, едниот го усмрти, а другиот е повреден, соопшти локалната полиција.

„Двајцата мажи се однесени во здравствениот центар Бровард, каде едниот почина“, изјави детективката Али Адамсон. Другиот се очекува да преживее.

Таа потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите веруваат дека инцидентот бил намерно предизвикан.

„Засега ги проценуваме сите опции“, додаде Адамсон, но вели сите опции се отворени.

На видо-снимката ана локалната телевизија, кои ги прикажа Си-ен-ен, по инцидентот се гледа како едно машко лице е спроведено во притвор, но Адамс не сакаше да потврди дали тој е осомничен за несреќата.