(Видео) Гурманска бургер тортиља


Бургер тортиља е јадење кое ќе ги воодушеви гурманите, а приготвувањето не е многу комплицирано. Состојките совршено се вклопуваат заедно.

Доколку сакате бургери и тортиљи, ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Плескавица, сланина, кашкавал и сето тоа спакувано во тортиља, а необичен прелив му дава посебен вкус на јадењето. Сигурни сме дека на ова јадење нема да му одолеат ниту најмладите, но ниту постарите.

Состојки:

450 гр мелено месо
тортиљи
неколку парчиња сланина
1 кромид
1 пакување кашкавал во листови
1 кисела краставица
1 лажица сос од срирача
1 лажица сенф
1 лажица мајонез
1 лажичка сол
1 лажичка кромид во прав
1 лажичка лук во прав
1 лажичка слатка пиперка

Подготовка:

Сланината наредете ја на плех обложен со алуминиумска фолија, па печете во загреана рерна на 200°C додека не стане крцкава. Во сад измешајте сос од срирача, сенфот, мајонезот и сечканата краставица. Сè добро соединете. Во тава пропржете го кромидот исечен на прстени додека не омекне, а потоа додадете сол, бибер, кромид и лук во прав и слатка мелена пиперка во меленото месо. Добро измешајте и формирајте плескавица. Потоа пропржете ја и одозгора ставете кашкавал во листови. Друга тава премачкајте ја со масло и загрејте ја тортиљата, а потоа премачкајте го сосот во средината. Одозгора ставете ја плескавицата со сирење, а потоа и сланината. Преклопете го со уште една тортиља и добро завиткајте го, па оставете го уште неколку минути да се препече тортиљата.