(Видео) Грција во црвено – пожари, невреме и земјотрес на Крит


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.

Eпицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори, a е регистриран на длабочина од 8,4 километри.

Бил почувствуван и во околните места.

Инаку, Грција се соочува со повеќе природни карастрофи. Состојбата е во црвено. Со денови е под големи пожари, а додека се евакуираат граѓаните, во неделата беше зафатена и од невреме што ги зафати Кавала и Сер во Грција.

Невремето дојде ненадејно и направи голема штета.

Небото наеднаш поцрне, а дождот и ветерот направија голема штета.

Во градот Сер дошло до прекин на струја, а невремето урнало дрвја на патишта и автомобили.

Како што можете да видите на видеата, уништена е плажата во Кавала, едно од најпознатите летувалишта во Грција.

Иако невремето беше кратко, околу 20 минути, невремето беше многу интензивно со силни ветрови и силен дожд, што резултираше со штети на баровите на плажата, рестораните и автомобилите, срушени дрвја и прекин на електричната енергија.

Грчката противпожарна служба денеска соопшти дека избувнале 64 нови шумски пожари, а припадниците на противпожарните единици гаснат вкупно 82 пожари.

Грчки пожарникари синоќа се бореа и со пожарот во Агиос, Крф, Каристос, Родос и Иликис, а на граѓаните во Евија им беше наредено да се евакуираат од куќите лоцирани во загрозените подрачја, пренесува Катимерини.

Грчкото Министерство за климатски промени и цивилна заштита ја објави „најголемата досега евакуација поради шумски пожари во Грција“, а Констансија Димоглиду, портпаролка на грчката полиција, потврди дека досега се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе низ целата земја.