(Видео) Грчко јадење со мелено месо и компири: Запечено со фета и моцарела, уште поубаво од мусака


За ручек направете грчко јадење од мелено месо и компири кое ќе го збогатите со фета сирење и моцарела.

Вака подготвено јадење Грците обично го јадат за појадок, но сепак тоа е подобар предлог за ручек. Се прави слично како мусаката, од мелено месо и компири, но во ова јадење се додаваат и фета и моцарела. Богат е со зачини, а се подготвува толку едноставно што можат да го направат и почетниците. Доколку сакате да го внесете духот на Медитеранот, тогаш ви го предлагаме овој рецепт со компири и мелено месо.

Состојки:

550 гр компири
1 кромид
1-2 пиперки
3 чешниња лук
450 гр мелено месо
мелена пиперка
1 лажичка оригано
Фета сирење
малку моцарела

Подготовка:

Сварете ги компирите со целата кора. Процедете и кога ќе се олади извадете ја кората, па исечете ги на коцки. На малку масло во тавче пропржете го меленото месо, посолете и ставете бибер, измешајте, па префрлете го во сад. Потоа во истата тава пропржете ситно сечкан кромид, посолете и пропржете додека да омекне. Потоа додадете ја сечканата пиперка и меленото лукче, а по една минута додадете го во садот со меленото месо. Потоа истурете уште малку масло во тавата и пропржете ги компирите. Зачинете со сол и бибер, па промешајте. Кога ќе стане крцкаво, додадете мелено месо и кромид. Посипете со оригано и промешајте, па пропржете уште малку. Се трга од шпорет, па се посипува со распарчена фета и сечкана моцарела. Се пече во загреана рерна на 230°C околу 10 минути. Потоа кренете на горните греалки и печете уште 2-3 минути.