(Видео) Град уништи автомобили и покриви во Србија


Крупен град паѓаше денеска во Западна Србија, а според фотографиите на социјалните мрежи има голема материјална штета.
Сеница, град на западот од Србија, беше целосно покриена со бел покривач од градот.
На луѓето уништени им се автомобили, скршени шофершајбни, а некои покриви на куќите не издржаа.
Невремето почнало околу 15 часот и траело 15-тина минути.
Се уште не се знаат последиците од него, но веројатно се уништени малиновите насади, пренесе Инфолига од Ивањица, град исто така погоден од градот.

https://www.facebook.com/Sjenickenovine/videos/2615166448757985/