(Видео) Град најблиску до вселената: Животниот век на луѓето само 35 години


Ла Ринконада е најнаселеното место во светот и градот најблиску до вселената. Се наоѓа на перуанските Анди на 5.100 метри надморска височина, а има 50 отсто помалку кислород, поради што е наречено „најпеколното место на светот“.

Во видеото што е прегледано повеќе од 50 милиони пати, Јутјуберот и режисер на документарни филмови Рухи Кенет покажа како изгледа животот во град над облаците и – тоа не е воопшто лесно (барем за странците).

Очекуваниот животен век е 35 години
Имено, на оваа екстремна висина атмосферата е значително поретка, поради што животниот век е 35 години. Локалното население живее со само 50 проценти од нормалното ниво на кислород. Сепак, нивните тела еволуирале за да произведуваат двојно повеќе крвни зрнца од другите.

– Во оваа пустелија ниту едно дрво не може да преживее поради малиот притисок. Овој град на перуанските Анди е дури 300 метри повисок од Мон Блан, највисокиот врв на европските Алпи. Далеку од современиот свет, тоа е место каде криминалот и опасноста се секогаш во близина, објасни Кенет.

Живот без струја и вода
Тој посочи дека му се вртило штом излегол од таксито, а кога се разбудил утрото почувствувал многу умор. Сувиот воздух го болеше грлото, а усните му испукаа, а иако беше лето, патиштата беа подмрзнати и смрдливи, а ѓубре се гледаше низ целиот град.

Таму луѓето живеат во „метални бараки“ без струја, што е многу загрижувачко кога температурата во зима ќе падне до -10 степени. Тој, исто така, забележал дека повеќето луѓе користат јавни бањи и тушеви бидејќи немаат вода во нивните домови. Сепак, постои добра причина зошто некои се согласуваат да живеат во толку тешки услови.

„Луѓето доаѓаат само поради една причина – злато“
– Луѓето доаѓаат во оваа сурова земја само поради една причина – злато. Овде, меѓу купиштата ѓубре, се населиле околу 50.000 луѓе, кои сонуваат за богатство, објасни тој.

Инаку, градот се наоѓа во близина на рудник за злато, а меѓу 2001 и 2009 година, кога цената на златото се зголемила за 235 отсто, населението се зголемило за 30.000 жители.