(Видео) Гори крузер во Грција


 

На крузерот „МСЦ Лирица“ попладнево околу 15.30 часот изби силен пожар. Големиот брод кој плови под знаме на панама усирен е во заливот Крф во Грција, јавi Морски.хр.

Посадата на бродот, што ја чинат 51 човек, на време е евакуирана. Сите се на сигурно. На крузерот немало патници.

„Голем црн чад и пламени јазици се гледаат од десната страна на бродот кој е усидрен на Крф“, сведочат очевици.

До крузерот пристигнал пожарникарен брод, а пожарникарите се обидуваат да го изгасат огнот.

Локалните медиуми наведуваат дека пожарот почнал на место на палубата каде се сместени два чамци за спасување.

Причината за пожарот не е позната, а не се знае ни дали посадата изведувала некои работи.