(Видео) Големи поплави во Хрватска, Пожега под вода


Подрачјето на Пожега во хрватска денеска е зафатено од големо невреме, а водата носи кал со кој се потопени сите улици.

Сите екипи се на терен, јавуваат хрватските портали. Цивилната заштита објави дека околу 13 часот околу Пожега паднала голема количина дожд, од 50 до 70 милиметри на квадратен метар.

Од околните ридови се слева каллива вода која брза по улиците, а неколку населби и села се речиси отсечени.

Сопрен е железничкиот сообраќај, има пмали одрони, а исклучен е напонот на електричната мрежа поради опасност за пожарникарите.

Цивилната заштита наведува дека се ангажирани сите оперативни сили полицијата, пожарникарите, комуналното претпријатие и други

Поради многу повизи дел од нив се препраќаат во Осиек.

Водата носи канти за ѓубре, гранки, дрвја и друго.

Слична поплава мештаните памтат и од 2014 година.