(ВИДЕО) Голема експлозија во најголемата американска рафинерија, пожарникарите немоќни


Огромна експлозија се случи денеска во една од најголемите американски рафинерии, во јужниот дел на Филаделфија. Како што јавуваат медиумите, огнена топка се појавила на небото, а пожарникарите се немоќни во справувањето со огнот.

Локалните медиуми објавија дека зградите се треселе од експлозијата, а луѓето што живеат во близина на рафинеријата рекоа дека по експлозијата паѓале разни предмети од небото.