(Видео) Голем пожар во Словенија, започнала евакуацијата на населението


Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој во средата на подрачјето на Крас се пренел од Италија и во тек е евакуација на населението од неколку села, а на терен дошле и министерот за одбрана Маран Шарец и командантот на цивилната заштита Среќко Шестан, јавуваат словенечките медиуми.

Пожарот од италијанска страна се проширил во Словенија и покрај обидите за гасење од воздух во кое учествуваат три словенечки и два италијански хеликоптери. Загрозени се жителите од селата околу Крас, каде се спроведува евакуација на населението, објавил денеска регионалниот стожер за цивилна заштита на покраината Приморска.

Најтешка е ситуацијата во општината Добердоб, која лежи на словенечко-италијанската граница, јавуваат медиумите.

„Сега е клучно да се спасат населбите. Една населба е веќе евакуирана. Силниот ветар брзо го шири пожарот. Војската и полицијата гасат од воздух, а гаснењето го отежнува чадот. Активирани се дополнителни единици од цела Словенија“, стои во изјавата на министерот за одбрана Маријан Шарец на Твитер.