(Видео) Голем пожар на пазар во Бангладеш – го гасат стотици пожарникари


Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што утринава избувна на популарниот пазар за облека во Дака.

Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот „Бонго Базар“ и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.

Портпаролот на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот кој беснее од 6 часот се ангажирани околу 600 пожарникари.

Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

„Бонго Базар“ е еден од најголемите пазари во Дака каде облеката од западен бренд што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.