(Видео/фото) Поплави во БиХ: 20 мртви, трудница евакуирана, но бебето не преживеа
Се повикуваат граѓаните да не излегуваат од домовите, а оние кои можат да се обратат до надлежните служби за помош
Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна, има загинати и исчезнати лица. Центрите на градовите беа претворени во реки, а некои места беа отсечени од светот.
20 мртви под урнатините
Расте загриженоста поради најавата за нови обилни врнежи, а земјата се бори за секој човечки живот.
#poplave i #odroni u #dreznica #jablanica #konjic #mostar Komadinovo vrelo, Drežnica, M17, Jablanica – Mostar pic.twitter.com/c45yn14QgG
— Bljesak.info (@Bljesak) October 4, 2024
Од Кантоналната болница д-р Сафет Мујиќ за „Дневни аваз“ потврди дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста, која потоа била префрлена во болница. Бремената жена е оперирана и моментално е стабилна, но за жал го изгубила бебето.
The M-17 road that is directly linking Sarakevo to Mostar has been washed away by flooding last night near Jablanica. Traffic completely halted.#Bosnia pic.twitter.com/4fu8oleWjk
— Aldin 🇧🇦 (@aldin_aba) October 4, 2024
Исто така, голем број екипи на Итна медицинска помош од Мостар се испратени во Јабланица. На терен има бројни тимови за Горската служба за спасување и за цивилна заштита кои се обидуваат да стигнат до жртвите. За жал, според неофицијални информации од спасувачките служби, загинале неколку лица.
Целосно поплавени се центрите на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна, а најлоша е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана од сообраќај. Утрово и земјотрес ја погоди и Јабланица.
Критично е и во Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, каде се поплавени бројни станбени згради и патишта.
„Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви, како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита (FUCZ).
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во програмата на Ал Џезира изјави дека според непотврдени информации има 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони.
„Дневни аваз“ јавува дека неколку лица се водат за исчезнати во селото Злате кај Јабланица, кое е во најлоша состојба.
Во текот на целата измината ноќ обилните врнежи од пороите ги претворија центрите на градот во реки, поплавени беа станбени и деловни објекти, а сообраќајот воопшто не беше овозможен.
„Во моментов не можете да влезете и да излезете од Јабланица“, известија од планинската спасувачка служба Јабланица.
Тие изјавија дека сообраќајот кон Мостар и Сараево е во прекин. На својата Фејсбук страница објавија видео на кое се гледа како центарот на градот е претворен во река.
Бљесак.инфо пренесува дека две лица загинале, а повеќе се водат за исчезнати во поројната вода што ноќта меѓу четвртокот и петокот ги поплавила областа Јабланица и Коњиц.
„Добивме информации дека пет лица загинаа во Јабланица, но тоа засега не можеме официјално да го потврдиме“, изјави Мајда Ковач, портпаролка на управата на ЦЗ во Сараево.
Се повикуваат граѓаните да не излегуваат од домовите, а оние кои можат да се обратат до надлежните служби за помош.
Бројни одрони има на патиштата во Јабланица. Слична е состојбата и во соседен Коњиц, а под вода е и центарот на Кисељак.
„Не паметиме ваква поплава, а имавме доста. Овојпат имаме поплава од библиски размери“, изјави градоначалникот на Кисељак, Младен Мишуриќ Рамљак.
Владата на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар, смета дека ситуацијата е критична и ги повика граѓаните да не се движат кон Коњиц и Јабланица.
Најавите за нови обилни дождови даваат причина за дополнителна загриженост.