(ВИДЕО/ФОТО) Драма при слетување: Пилот успешно го спушти авионот без предно тркало


Пилот на „Мјанмар нешенел ерлајнс” успешно слета без предното тркало, соопшти државната авиокомпанија. При принудното слетување на авионот „ембраер 190“, никој не бил повреден, објави Ројтерс.

Во соопштението на „Мјанмар нешнел ерлајнс“ се наведува дека пилотот слетал во градот Мандалај.

Пилотот двапати прелетал покрај контролната кула на аеродромот за контролорите да можат да утврдат дали се спуштени предните тркала.

„Капетанот потоа се придржуваше до процедурите за вонредни ситуации и го испушти вишокот гориво од авионот за да ја намали тежината на авионот пред да слета“, се вели во соопштението.

На видеоснимката се гледа како авионот слетува потпрен на задните тркала, го спушта носот и потоа лизга по пистата.

Авиокомпанијата не соопшти колку патници се наоѓале во авионот, но Ројтерс пренесува дека „ембраер 190“ собира од 96 до 114 патници.