(Видео) Фатено речно чудовиште од 300 килограми: Рибарите во Камбоџа се пофалија со неверојатен улов


Најголемата слатководна риба раја, тешка дури 300 килограми, е уловена во Камбоџа, во реката Меконг.

„За 20 години истражување на џиновските риби во реките и езерата на шест континенти, ова е најголемата слатководна риба што сме ја сретнале или документиравме каде било во светот“, рече биологот кој го води проектот за заштита „Чудата на Меконг“, (Wonders of Mekong), Зеб Хоган.

Хоган, исто така професор на Универзитетот во Невада, рече дека „пронаоѓањето и документирањето на оваа риба е извонреден и редок знак на надеж, дотолку повеќе што се случи во Меконг, река која моментално се соочува со многу предизвици“, пишува Би-Би-Си. 

Локален рибар на островот Кох Преа ги повика истражувачите на 13 јуни и рече дека уловил многу голема раја. Испадна дека е долга 3,98 метри и широк 2,2 метри. Откако беше опремена со ознака за следење,  рајата беше пуштен назад во реката.

Пред тоа, рекордот го држеше џиновски сом, уловен во Тајланд во 2005 година. Тој тежеше 293 килограми.