(Видео) Евакуиран авион на „Туркиш ерлајнс“ по пожар во Катманду


Авион на Turkish Airlines од типот Airbus A330-343 беше евакуиран на аеродромот во Катманду, откако по слетувањето од Истанбул избувнал пожар во делот на системот за слетување, објави 4news.mk

Сите 277 патници и 11 членови на екипажот, кои пристигнале од Истанбул, биле евакуирани преку итните излези поради пожарот, а никој не бил повреден, изјави портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Непал, Гјанендра Бул.

Од Turkish Airlines соопштија дека бил забележан чад во системот за слетување додека авионот се движел по пистата, по што веднаш биле започнати технички проверки.

„Првичните проценки укажуваат дека чадот бил предизвикан од технички дефект на хидраулична цевка“, изјави Јахја Устун, висок потпретседател за комуникации на авиокомпанијата, преку социјалната мрежа X.