(Видео) Еруптира најголемиот вулкан на светот


Утрово на Хаваите и околните води издадено е предупредување за наноси од пепел по ерупцијата на вулканот Мауна Лое, најголемиот активен вулкан на светот. На делови од стровот се собраа половина милиметар пепел.

„Луѓето се респираторни заболувања треба да останат на затворено за да избегнат вдиѓување честички пепел, а секој кој излегува на отворено треба да ги покрие носот и устата со маска или ткаенина“, предупреди Националнаѕа метеоролошка служба во Хонолулу.

„Можна е штета и кај посевите и кај животните. Се очекуваат и помали оштетувања на опремата и инфраструктурата. Намалена е видливоста. Може да биде потребно детално чистење“, се додава во предупредувањето.

Истекувањето на лавата сега е ограничено на подрачјата на врвот и не се заканува на заедниците низбрдо, соошти Хавајскиот вилкански опсерваториум. Се додава дека ветрот може да носи вулкански гас и пепел, пишува Си-ен-ен.

Најмасивен вулкан на Земјата

„Врз основа на претходните случувања, раната фаза на ерупција на Мауна Лое може дабиде динамична и може брзо да го менува текот на лавата. Ако ерупцијата остане при врвот, тековите на лавата веројатно ќе останатво рабовите на кратерот. Но, ако еруптивните отвори мигрираат надвор од рабовите, текот на лавата може да замине по планината надолу“, наведува опсерваторијата.