(ВИДЕО) Ерупција на вулканот Стромболи, туристи бегале во море


Италијанскиот остров Стромболи е погоден од серија опасни ерупции на вулкан, кој денеска ги принуди туристите од плажите да бегаат во море.

На островот се случија две нови ерупции, а од вулканот излегуваат црвени, вжештени камења, наречени „лапили“.

Од кратерот излегува огромен столб густ, црн чад, тврдат очевидци.