(ВИДЕО) Епидемијата најголема закана за државата, смета Советот за безбедност


Претседателот Стево Пендаровски по одржување на Седница на Советот за безбедност, заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна и дека не се очекува дополнително да биде загрозена во блиска иднина.

„Советот заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна, и не може да биде загрозена нашата безбедност.Во идните неколку месеци би можел да биде проблем евентуален нов бран на мигрантска криза“, брифираше претседателот по состанокот. .

„Најголема криза во моментов е пандемијата на Ковид-19. Пандемијата продира во сите полиња. За првпат годинава имавме вонредна состојба, а армијата и полицијата имаа сосема поинаков вид на задачи.Пандемијата останува најважниот предизвик и во следните месеци, но не очекуваме дека ќе има развој кој ќе влијае на општата безбедност.Безбедносните служби ќе продолжат да ги следат трендовите кај нас и во регионот, сите потенцијални закани и ризици, и за тоа ќе продолжат да го информираат државниот врв и Советот“, рече Пендаровски.

Тој соопшти исто така дека на седницата разговарале за 5Г мрежата  и заклучиле  дека владата и другите организации треба да ги следат препораките од НАТО така што  МНР ќе подготви меморандум каков што потпишаа и други членки на Алијансата.

Околу бугарското спорење како македонски револуционер и присвојување на Гоце Делчев Пендаровски порача нека го чествува кој сака, бидејќи тоа на нас Македонците може да ни прави поголемо задоволство, како што се слави Мајка Тереза во повеќе земји.Она што навидум не дели, треба да не спојува, порача претседателот  Пендаровски.

„Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави полем мерак и задоволство.Исто е и со Мајка Тереза, нема да се расправаме дали е Албанка или Македонка“, рече Пендаровски.