(ВИДЕО) Елмас кажа збогум на Фенербахче, утре поминува прегледи во Наполи


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас се збогува со турскиот клуб Фенербахче, откако од следната недела треба да го облече дресот на Наполи.

Елмас денеска преку видео на социјалните мрежи се опрости од Фенербахче.

Фенербахче денеска објави дека македонскиот репрезентативец нема да биде во тимот за нивните претсезонски подготовки во Австрија. Очекувањата во Италија се дека Наполи ќе плати околу 15 милиони евра на Фенербахче за услугите на нашиот фудбалер.

Во текот на утрешниот ден се очекува Елмас да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот со неаполитанците.