(Видео) Едно лице загина во новиот земјотрес во Турција, зградите се рушат како кули од карти


 

Во новиот земјотрес во Малатија, Турција, загина најмалку едно лице, соопшти директорот на Агенцијата за управување со катастрофи Јунус Сезер.

„Акциите за спасување се интензивираат во пет објектри. Се соочуваме со дополнителни потреси на секои три минути. На граѓаните им советувавме да се тргнат од оштетените објекти, оти се рушат“, вели Сезер, а пренесе „Хуриет“.

На социјалните мрежо се појавија снимки од улиците на Малатија, на кои се гледа како паѓаат згради по потресот.

Тие се рушат како кули од карти, а потоа се крева огромен облак прашина.

На некои снимки се гледаат повеќе рушевини по должина на цели улици, од кои многу се срушени до телем, по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.

Земјотресот денеска го погоди искотот, односно кај градот Малатија, со јачина од 5,6 степени според Рихтер.

Земјотрсот се почувствувал во Кахраманкараш, Адијаман, Елазиг и околните покраини. Има повеќе урнати згради.

Татко и ќерка кои влегле во куќата за да земат некои работи, останале заглавени под урнатините, а се трага по нив.