(Видео) Едно лице загина, неколкумина се ранети во напад во Тел Авив, напаѓачот е усмртен


Полицијата во Тел Авив уби вооружен маж кој со пиштол уби човек и повреди неколку други и удри автомобил во пешаци.

Здравствената служба Маген Дејвид Адом (МДА) соопшти дека едно лице загинало, а шест се ранети.

Најмалку уште три лица се повредени кога на нив налетал автомобил, додава МДА.

Можно е нападот да се случил на две локации, на улицата Кауфман и во близина на паркот Чарлс Клор, пишува The Times of Israel. Според весникот, во нападот загинал италијански турист на возраст од околу 30 години, додека напаѓачот, како што се наведува, е државјанин на Израел со арапско потекло.

Израелската полиција соопшти дека го „неутрализирала“ напаѓачот.