(ВИДЕО) Џеват Исени разрешен од функција: Mу се заблагодарам на Заев за довербата


Владата на Република Северна Македонија на својата редовна, 143-та седница донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП.

,,Официјално ја добив веста дека сум разрешен од мојата функција. Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Зоран Заев за довербата која ми ја даде во овој период. Секокаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата. Од низа ситуации во животот човекот учи дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една лишност: одговорност, лојалност и правичност. Им се заблагодарувам на сите чесни граѓани кои секогаш ми веруваа во моето професионално работење“, напиша Исени на својот Фејсбук профил.

Од Владата нема објаснување за одлуката, иако Исени неодамна предизвика скандал, откако се пофали со скандалозна снимка, на која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.

Џеват Исени, тврди дека пиштолот што го носел на појасот на свадбена веселба бил гасен пиштол.