(ВИДЕО) Двајца во СЕП позитивни на корона вирусот, Османи негативен


Двајца вработени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), со кој раководи вицепремиерот Бујар Османи, се позитивни на ковид-19, дознава „360 степени“ од извор во здравствените власти.

„Двајца врабитени во СЕП се позитивни. И покрај тоа што не сум имал блиска комуникација, сепак, вчера направив тест и тој е негативен“, потврди Османи.

Тоа би значело дека Османи, најверојатно, нема да оди во самоизолација. Тој кон средината на април помина една седмица дома по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше позитивен на ковид-19.

Претходно Османи сподели видео на својот профил на Фејсбук, преку кое предупредува дека корона вирусот многу лесно се пренесува при семејни ручеци и вечери.

– По втор пат го објавувам ова видео. Како за 30 минути се пренесува вирусот кај сите присутни на заеднички ручек или вечера. Ве молам погледнете го, напиша Османи.

 По втор пат го објавувам ова видео. Како за 30 минути се пренесува вирусот кај сите присутни на заеднички ручек или вечера. Ве молам погледнете го, напиша Османи.