(Видео) Двајца убиени во синагога во Германија, напаѓачот во бегство


 

Најмалку две лица загинаа во пукотница во синагога во германскиот град Хале.

Како што јавуваат светските медиуми, непознато лице неколкупати пукало и сега е во бегство. Последните информации се дека се двиќи кон Лајпциг.

Се верува дека напаѓачот пукал од автоматско оружје, убил една жена и повредил неколку луѓе.

Според извештаите, на синагогата фрлена е и граната.

И германската полиција на твитер наведува дека напажачот е во бегство.

„Дојде до инцидент во хале. СПоред прелиминарните наоди, има мртви. Спроведуваме итна истрага. Сторителот е во бегство. Останете дома или побарајте некое сигурно место“, наведува полицијата.