(ВИДЕО) Драма на грчкиот остров Лезбос: Пресметки со полицијата, пожари, има и жртви


Мигрантите за време на протестот во кампот на грчкиот остров Лезбос предизвикаа пожари, како надвор така и во самиот камп и влегоа во пресметка со полицијата.

Според се уште непотврдени информации, две лица се загинати во кампот Морија.

Мигрантите бараат да бидат преместени на копнениот дел на Грција.

Портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, изјави за АП дека мигрантите запалиле дрва маслинки пред кампот околу 17 часот по локално време.

Само неколку минути подоцна, предизвикале пожар и во самиот камп.

Градоначалникот на Лезбос објави дека двата пожари се изгаснати.

Полицијата соопшти дека заменикот министер за заштита на граѓаните Лефтерис Ојконому, инаку поранешен шеф на грчката полиција, се упатил кон Лезбос.

Во кампот Морија се наоѓаат околу 12.000 мигранти, мнозинството Авганистанци, а тој простор е предвиден за 3.000 луѓе.

https://twitter.com/ExGruene/status/1178362318431952897