(ВИДЕО) Девојче пронајдено живо под урнатините во Бејрут


Во експлозијата што се случи во Бејрут загинаа повеќе од 130 луѓе, повредени се илјадници, а многумина сè уште се бараат. Снимки од страшната експлозија го обиколија светот, а синоќа е објавено и видео од спасување на едно девојче кое поминало 24 часа под урнатините и успеало да преживее, пренесува „Дејли мејл“.

На снимката се гледа како спасувачите со голи раце копаат за да го спасат девојчето и да го извлечат од урнатините.

Десетици луѓе сѐ уште се бараат во Бејрут. Најмалку 137 лица починале, а тој број се очекува да расте.