(Видео) Дебела снежна покривка на истокот и западот од Македонија


Фото: Б. Грданоски

Од попладнево снег паѓа во источниот дел на земјава. 

Позначителна снежна покривка има во Пехчево, Делчево и околните села, а снегот прави проблеми и во одвивањето на сообраќајот. 

Предупредување има за застој на сообраќајот на патот Пехчево – Делчево, но и Тработивиште  – Панчарево, каде има опасност и од одрони. 

Снежна покривка има и на западот од Македонија, односно во дебарскиот крај.