(Видео) Дац и Митевски место „Bella Ciao“, пеат кафеанска „Корона Чао“


Александар Митевски и Драган Спасов – Дац направија кавер на познатата „Bella Ciao“, во придружба на Брастет Скопје.

„Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов“, велат тие за „Корона Чао“.

Претходно, „Уште ми фалиш“, песната што тандемот Александар Митевски и Драган Спасов-Дац ја испеаја лани на фестивалот „Макфест“, доби своја италијанска верзија од тенорот Благој Нацоски.
– Физички сме одвоени, но емотивно посплотени од кога било. Кога далечината нѐ спојува, се бориме против ова зло со заеднички сили. Никому не му е лесно, но на некои им е најтешко. Во мислите ни се сите оние што изгубија свој близок. Се гушкаме музички, бидејќи поинаку не е можно засега. Македонија и Италија, односно Александар, Дац и јас ви праќаме една музичка прегратка со оваа песна – изјави Нацоски.

Инаку, тој е амбасадор на македонската култура во Италија. Веднаш кога го слушнал предлогот на Дац и Александар песната да добие и италијанска верзија, прифатил. Снимил три верзии и им ги испратил, а Александар во студиото „Торус“ ги доработил и така се родила оваа интересна верзија на песната, која и досега беше мошне слушана во Македонија.

Екипата е задоволна од реакциите на слушателите и од пофалбите, а добиле и честитка од италијанскиот амбасадор во земјава.

– Музиката е таа што лекува и поврзува. Во моментов кога светот е под клуч, границите се затворени, нaшата песна ги сруши границите, вели Александар Митевски.